За нас

        На 30.12.1999 година е регистрирано ДПТУ КОБРА МОНИТОРИНГ ДООЕЛ Куманово со седиште на ул. "Октомвриска Револуција 26/3"  во Куманово. Фирмата се распоредува во претежна дејност Активности за истрага и обезбедување со шифра на дејност 74.60, со која започнува со работа на 12.02.2003 година.

Во врска со Законот за обезбедување на лица и имот ("Службен весник на РМ", број 80/99) Министерство за Внартрешни Работи на Република Македонија издава дозвола за работа бр. 17-18131/1 од 28.07.2003 година на правното лице КОБРА  Куманово за вршење на дејноста за обезбедување на лица и имот во вид на давање на услуги.

       Агенцијата за обезбедување "Кобра" со своите професионални услуги на обезбедување ги изврушува исклучително во рамките на Законот за обезбедување и останатите позитивни законски прописи како и сопствените Интерни акти и Правила за работа. Досегашно користење на услугите на Агенцијата од страна на нејзините коминтенти е окарактеризирано како нивна привилегија, бидејки се добива вистинска професионалност. Особено внимание се посветува на изборот на вработените лица т.е нивната висока професионалност (строго дефинираните психофизички и морални норми) што за избраните истовремено претставува гордост што се припадници на Агенцијата "Кобра", а кој воедно се сите со Лиценци и службени легитимации за обезбедување на лица и имот и се опремени со патнички моторни возила и радио станици кои гарантираат постојан контакт со лица на терен. Агенцијата постојано работи врз себе и сопствено изградување како модерна и успешна компанија. Фундамент  на нашата работа е понуда на безбедносни граници во смисла на исполнување на предвидениот договор независно од политичка и верска определба на коминтентот, негова професија и други елементи од неговиот приватен живот. Главни карактеристики на работењето на Агенцијата "Кобра" се превентивно обезбедување, бесконфликтно решавање на проблемите, а раководството на Агенција "Кобра" секојдневно ги следи најновите светски достигнувања од областа на техниката. Агенцијата за обезбедување "Кобра" не е политички определена и соработува со сите корисници на кои им е потребно квалитетно и професионално обезбедување.

Агенцијата "Кобра" е во стална комуникација со сите свои клиенти и корисници на услугата. Одговорност и желба да ги задоволиме сите потреби на нашите клиенти и да знаеме дека и тие се задоволни од нашата услуга, влијание е да нашата соработка од самиот почеток надмине класичен однос клиент-агенција. Реченица "Ние сме секогаш тука за Вас јавете се", во нашиот случај нее вообичаена фраза не го изјава која не обврзува да бидеме секогаш тука со Вас. Услугите што ги нудиме се дизајнирани од Вашите потреби и високите критеријуми и стандарди во обезбедувањето. Агенцијата за обезбедување на лица и имот "Кобра" е Ваш сигурен и лојален партнер во обезбедувањето со следните услуги:

  • Ваша лична заштита-боди-гард;
  • Физичко (стражарско или оперативно-информациско) обезбедување;
  • Патролно обезбедување на објекти;
  • 24 часовно техничко (мониторинг) обезбедување преку сопствен мониторинг центар комбинирано со патролно обезбедување и интервенција во случај на алармна состојба;
  • Обезбедување на парични или други ВАЛ пратки;
  • Обезбедување на концерти, манифестации, прослави, приватни забави и сл;
  • Продажба и монтажа на електронски системи за видео надзор, против пожарни системи провални системи, од типот BOSCH,SATEL, PARADOX, DSC.

 

24/7 ПРИЈАВЕТЕ ДЕФЕКТ

на следниот телефон: 031/413-409

Следете не:  

 

Контакт инфо

Адреса:  Октомвриска Револуција 26/3 
Куманово, Р Македонија

Тел.:  031 413 409 / 520 258
Факс:  031 413 409
Email: contact@kobrasecurity.com.mk